„Чета мала, но одбрана“, би можел да биде насловот на фотографијата на денот од Софија, споделена од Одбојкарската федерација на Македонија на Фејсбук, на која група македонски навивачи ја бодрат репрезентацијата на Европското првенство.
Иако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во четвртото учество на Македонија на еврошампионатите последна шанса да освојат барем еден сет ќе имаат утре од 15 часот против Израел, на нивните фанови не им недостига ентузијазам на трибините на арената „8888“ во главниот град на Бугарија.
Најдобрите македонски одбојкари денеска беа поразени и од Португалија со 3:0, по сетови 25-13, 25-20 и 25-20.
