Спорт

Фото на денот: Свети Климент Охридски на градите на Лука Стоикос, Македонец од Канада на ЗОИ

Натпреварувачот во боб со грбот на македонската православна црква од Торонто, во која татко му Борис беше претседател на одборот

Лука Стоикос, репрезентативец на Канада во боб четворосед на 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина, своето македонско потекло го потврди и го изрази преку маичка со ликот на Свети Климент Охридски според истоимената македонска православна црква во Торонто.

Неговиот татко Борис беше претседател на црковниот одбор, а баба му и дедо му долгогодишни донатори на православниот храм чијшто грб го носеше Стоикос под натпреварувачкиот комбинезон во своето олимписко деби.

„Македонската православна заедница игра голема улога во мојот живот и навистина ја чувствувам како пошироко семејство. Мојата вера исто така е важен дел од тоа што сум и останувајќи поврзан со Црквата ми помага да останам на земја, посебно кога се натпреварувам на највисоко спортско ниво. Токму како што го претставувам моето семејство на Игрите, чувствувам дека ги претставувам и членовите на македонската заедница, кои ме поддржуваа и продолжуваат да ми даваат поддршка. Знаејќи дека ги носам заедно и поддршката од заедницата, и верата со мене кога се натпреварувам, ми дава огромна количина самодоверба и мотивација“, изјави тој за весникот на македонската дијаспора „Македонија“ пред Игрите во Италија.

Најнови вести од: Спорт

To top