Спорт

Ѓорческа подобра од Гркинката Папамихаил во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка славеше по пресврт над четвртата носителка на турнирот со награден фонд од 60.000 долари

Лина Ѓорческа, неделава 355. на ВТА-листата во сингл, ја елиминира четвртата носителка Деспина Папамихаил (220.) од Грција на стартот од тенискиот турнир во Куршумлиска Бања, Србија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 долари.

Најдобрата македонска тенисерка славеше со 3-6, 6-1, 6-2 по 1:51 часа игра и во осминафиналето утре од 10 ч. за противник ќе ја има Русинката Дарја Астахова (798.), од која беше подобра во полуфиналето на претходниот турнир во Куршумлиска Бања минатата седмица.

Најнови вести од: Спорт

Од -7 до победа: Игнас Саргиунас и најлудиот пресврт во историјата(ВИДЕО)

Во квалификацискиот меч за Евробаскет 2027 меѓу Велика Британија и Литванија, одигран во Велика Британија, се случи еден од најдрамтичните пресврти во историјата на европската кошарка. На десет секунди пред крајот, Литванците губеа со 87:80 – наизглед безизлезна ситуација.

Најнови вести

To top