Спорт

Годишнина од „бомбата“ на Трајковски што ја фрли во очај Италија (ВИДЕО)

Алексдандар „Велики“ со голот за 1:0 во мундијалскиот бараж во Палермо пред четири години си обезбеди место меѓу бесмртните

На денешен ден пред четири години Александар Трајковски си обезбеди место меѓу бесмртните во македонскиот фудбал и спорт воопшто со спектакуларниот погодок во триумфот од 1:0 над Италија во Палермо во баражот за Светското првенство во Катар.

Некогашниот играч на Палермо во третата минута од судиското надополнување на времето упати бомба кон голот на „аѕурите“, чиј голман Џанлуиџи Донарума не успеа да ја скроти за огромна радост на македонските навивачи на трибините и насекаде низ светот.

Потег на вториот стрелец на вечната листа на македонскиот национален тим што го остави четирикратниот светски првак вторпат едноподруго без учество на мундијалот.

Трајковски и сега е во составот на Македонија, која задутре од 20:45 часот против Данска пред 38.190 гледачи на распродадениот стадион „Паркен“ во Копенхаген ќе се обиде да го повтори најсветлиот момент во историјата на македонскиот фудбал.

Најнови вести од: Спорт

To top