Спорт

Гол на Серафимов во „петардата“ на Левски кај Монтана (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија зголеми на 4:0 во гостинскиот триумф од 5:1 на лидерот во Првата лига на Бугарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов се запиша во листата на стрелците во 16. коло од Првата лига на Бугарија, придонесувајќи со еден гол за победата на Левски од 5:1 кај Монтана.

Централниот дефанзивец на водечкиот тим кај источниот македонски сосед погоди за 4:0 во судиското продолжение на првото полувреме.

Ова за 26-годишниот Серафимов е втор погодок за најтрофејниот бугарски клуб сезонава по првенецот во победата кај Хебар од 3:0 на стартот од Купот на Бугарија.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top