Спорт

„Голема Албанија“ и „Илирида“ на репертоарот на навивачите на Шкендија (ВИДЕО)

Нова порција национализам на трибините, овојпат во Скопје во квалификациите за фудбалската Лига на шампионите

Среде јавната осуда од сите страни за навивачки скандирања на саботниот кошаркарски натпревар Македонија – Романија во Куманово, нова порција националистички испади на трибините и на вечерашниот фудбалски дуел меѓу Шкендија и Карабах во Скопје, овојпат со фановите на тетовци во главната улога.

И покрај заложбите за коректно навивање и од спонзорот на Шкендија, Лазим Дестани, пред првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, на репертоарот на навивачката група „Балисти“ се најдоа извиците „Голема Албанија“ (околу 1:50:30 ч. од почетокот на видеото) на албански јазик и „Илирида“ (околу 1:48:25 ч. од стартот на снимката).

https://www.youtube.com/live/sVH8dezvXes?si=zn3eEGD8CExsVK4r

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top