Спорт

„Голема комитска мобилизација“: Навивачите на Вардар се организираат за реваншот во Лозана

Повик од „Комитите“ за поддршка на „црвено-црните“ и во Швајцарија следниот четврток

По синоќешната победа на Вардар од 2:1 над Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА во Скопје, навивачката група „Комити“ објави повик за мобилизација на сите заинтересирани за поддршка на „црвено-црните“ на реваншот во Швајцарија на 31 јули од 20:30 часот.

[ОДИМЕ ВО ЛОЗАНА – ПРИЈАВИ СЕ УТРЕ]

Важна победа во Скопје, сега е време да ја решиме во Лозана. ОДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО!
Организација на сите екипи, пријави утре!
Локација: Теренче Капиштец, 20:00-21:00ч
Цена: 3000 ден. со членска / 3300 ден. без
Цената за тие кои гостуваа во Сан Марино:
1800 ден. со членска / 2100 ден. без
ГОЛЕМА КОМИТСКА МОБИЛИЗАЦИЈА!
И во Лозана, на западната страна!“, објавија „Комити“ на Фејсбук.

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top