Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир во португалскиот град Порто, кој се игра во сала, на тврда подлога и за награден фонд од 40.000 американски долари.
Најдобрата македонска тенисерка, неделава 194. на ВТА-листата во сингл, ја оправда улогата на фаворит како петта носителка против Германката Настасја Шрунк (365.), совладувајќи ја со 6-2, 7-6 (6) по 1:38 часа игра.
За место во полуфиналето Ѓорческа утре од 11 ч. ќе се бори со првата носителка Деспина Папамихаил (159.) од Грција.