Спорт

Хаос во Париз: Прославата на ПСЖ се претвори во бојно поле (ВИДЕО)

Прославата на победата на Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал се претвори во вистинско бојно поле ширум Франција.

Прославата на победата на Париз Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал се претвори во вистинско бојно поле ширум Франција.

Жестоки судири меѓу навивачи и полицијата резултираа со притворање на повеќе од 400 лица, огромна материјална штета и целосна парализа на сообраќајот во Париз. Илјадници полицајци беа распоредени на терен, а силите за безбедност беа принудени да употребат солзавец за да ја растерат гневната толпа.

За време на нередите масовно се користени пиротехнички средства, огномет и факели. Повредени се неколку полицајци, а на социјалните мрежи кружат снимки од запалени електрични велосипеди, кршење излози на продавници и хаос на булеварот Шанзелизе.

Првите инциденти избија уште во текот на денот околу стадионот „Паркот на принцовите“, а еуфоријата брзо се претвори во насилство по победата на ПСЖ по изведување пенали.

Политички реакции

Поранешната претседателска кандидатка, Марин Ле Пен, остро реагираше на социјалната мрежа „X“:

„Само во Франција победата на еден фудбалски клуб предизвикува нереди. Само во Франција граѓаните чувствуваат потреба да се заклучат во своите домови за да избегнат соочување со насилство.“

И покрај хаотичната ноќ, фудбалерите на ПСЖ денеска треба да ја одржат традиционалната победничка парада на Марсовите полиња, по што следува прием кај претседателот Емануел Макрон.

Безбедносните служби се на највисок степен на приправност, особено поради минатогодишните нереди по освојување на европската титула, кога загинаа две лица, меѓу кои и 17-годишно момче.

Најнови вести од: Спорт

To top