Спорт

Луксембург лесен плен за македонските кошаркари

Македонија под водство на новиот селектор Берокал од Шпанија славеше со 79:70 во претквалификациите за ЕП 2029

Кошаркарската репрезентација на Македонија остана со максимален ефект на половина од претквалификациите за Евробаскетот 2029, рутински славејќи во третото коло над Луксембург со 79:70, по четвртини 25:17, 19:15, 15:17 и 20:21.

Успешното деби на Шпанецот на македонската клупа Жозеп Берокал во првиот официјален натпревар во реконструираната спортска сала „Градски парк“ во Скопје ги зацврсти „црвено-жолтите“ на врвот на табелата во групата А со 6 бода, еден повеќе од Луксембуржаните, а вечерва се игра и мечот меѓу Република Ирска и Азербејџан, кои се без бодови.

Андреј Јакимовски беше најефикасен во победничкиот тим со 17 коша, на кои додаде 7 скока и 4 асистенции, најкорисен играч на средбата беше Итан Хап со перформанс 30 и дабл-дабл од 15 поени и 14 скока, а Виктор Ефремовски запиша 13 поени.

Избраниците на Берокал утре заминуваат за Азербејџан на реваншот в понеделник со аутсајдерот што лесно го преслушаа на стартот во Скопје со 87:49.

Најнови вести од: Спорт

To top