
Александар Трајковски ѝ донесе триумф на фудбалската репрезентација на Македонија од 1:0 против Казахстан во Астана во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство 2006.
Донеодамнешниот напаѓач на Хајдук во 33. минута го реши победникот и ги врати „црвено-жолтите“ на врвот од табелата во групата Ј пред вечершниот дуел меѓу Белгија и Велс во Брисел.
Со својот 23. гол во 94. настап во македонскиот дрес 32-годишното лево крило се зацврсти на второто место на вечната листа на голгетери за македонскиот национален тим, зад Горан Пандев со 38, а пред Енис Барди со 18.
Домашните фудбалери три пати ја погодија рамката од голот на Столе Димитриевски, но целиот плен го однесоа избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој поради парни жолти картони му го препушти местото на клупата на својот помпшник Роберт Стојановски.
Во следниот круг на 7 септември во Скопје најдобрите македонски фудбалери ќе го пречекаат Лихтенштајн.