Репрезентацијата на Македонија во футсал славеше убедлиба победа над Бугарија од 4:1 на стартот од квалификацискиот турнир во Литванија за Светското првенство 2028.
Резултатот уште во 2. минута го отвори Иван Крстевски, шест минути подоцна зголеми дефанзивецот Берат Рамадани, кој биеше прецизно и педесетина секунди до крајот, во листата на стрелците се запиша и голманот Антонио Петровски во 38. минута, а Тони Киревски во 18. минута не реализира пенал.
Единствениот гол за источниот сосед го постигна Владимир Бахаров на стартот од второто полувреме.
Во второто коло од групата Ц во Друшкининкаи утре од 15:30 часот избраниците на селекторот Газменд Хисеини ќе играат со Турција, која турнирот го отвори со победа од 4:2 над домаќинот Литванија.
Двете најуспешни селекции во групата ќе изборат учество во следната фаза од квалификациите.