Спорт

Македонија на ЗОИ во Италија првпат со четворица спортисти, сите со исполнета норма

Македонското скијање во Милано Кортина ќе го претставуваат алпинците Атанасовска и Петков и нордијците Цветановска и Јада

Со најбројна репрезентација досега, Македонија првпат со четворица спортисти, сите со исполнета А-норма, ќе се претстави на претстојните Зимски олимписки игри што ќе се одржат од 6 до 22 февруари во Милано Кортина.

Македонскиот тим на 25. ЗОИ го сочинуваат алпинците Јана Атанасовска и Виктор Петков, кои ќе се натпреваруваат во слалом и во велеслалом, како и нордијците Ана Цветановска и Ставре Јада, кои се пријавени за дисциплините спринт и 10 км интервал старт.

За Јада ова ќе биде трета зимска олимпијада во низа, а за Цветановска втора.

Први на олимписките борилишта ќе се појават нордијците на 10, 12 и 13 февруари, а алпските скијачи ќе настапат на 14, 15 и 18 февруари.

 

Најнови вести од: Спорт

To top