Спорт

Македонија подобра и од Ирска во Даблин на патот до Евробаскет 2029

Македонските кошаркари го скршија отпорот на домаќинот во финишот и на крајот славеа со 88:76

Кршејќи го отпорот на домаќинот во последните 2,5 минути, машката кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада и Република Ирска во Даблин со 88:76 во претквалификациите за Европското првенство 2029.

Откако ја добија првата четвртина со 27:20, Ирците и во последната влегоа со водство од 62:61 и се закануваа со изненадување до 150 секунди пред крајот, кога беше само 73:72 за „црвено-жолтите“, кои со серија 13:2 во финишот ја обезбедија втората победа во првата рунда од квалификациите.

Џејкоб Вајли беше најкорисен играч во составот на селекторот Маријан Илиевски со 20 поени и 9 скока, а, како и на стартот против Азербејџан во Скопје, најефикасен беше Андреј Јакимовски со 26 поени.

Во другата средба од групата Луксембург беше подобар од Азербејџан со 95:90 во Баку и го дели врвот во групата А со Македонија пред гостувањето во Скопје на 27 февруари.

Во следната фаза од квалификациите одат победниците од трите групи и најдоброто второ место.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top