Спорт

Македонската заедница во Австралија го слави Волкановски (ВИДЕО)

Ултимејтфајтерот со потекло од Македонија одново ги направи горди сонародниците со одбранетата светска титула

Александар „Велики“ Волкановски е топ-тема меѓу Македонците во Австралија, откако уште еднаш ги направи горди со вчерашната одбрана на титулата светски шампион во ултимејтфајт со триумфот над Диего Лопес од Бразил во Сиднеј.

Македонецот по татко му Тоде од битолското село Беранци во мечот за шампионскиот појас во пердув категорија имаше македонска поддршка и на трибините во арената „Кудос банк“, кадешто можеа да се видат знамиња со Сонцето од Кутлеш во негова чест.

Волкановски им се оддолжи на сонародниците со епски триумф со максимални 3:0 од судиската тројка, а како изгледаше неговиот „танц“ во октагонот пред мечот на линкот.

Најнови вести од: Спорт

To top