Спорт

Македонските одбојкари го „преслушаа“ Б-тимот на Бугарија во Софија

„Црвено-жолтите“ славеа со 3:0, а го добија и дополнителниот сет договорен од двата селектора

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го совлада Б-тимот на Бугарија со 3:0, по сетови 26-24, 25-23 и 25-16, во првиот од двата контролни натпревара во салата „Левски“ во Софија, а избраниците на селекторот Јошко Миленковски го добија и договорениот дополнителен сет со 25-22.

Првата проверка на сработеното на десетдневните подготовки во Маврово се случи зад затворени врати, а така ќе биде и во реваншот утре напладне.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најдобар во македонскиот состав со 17 поени, Филип Савовски запиша 11, Александар Љафтов 10, а Владо Милев, Филип Маџунков и Стојан Илиев по 7.

Двомечот со тимот предводен од Франческо Моло е во функција на августовската втора половина од квалификациите за Европското првенство и возвратните средби со Грција во Атина и со Азербејџан во Скопје.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top