Спорт

Миовски двоен стрелец и играч на натпреварот против Килмарнок (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец со највисока оценка за придонесот во гостинската победа на Глазгов Ренџерс од 3:0

Бојан Миовски проработи во вистински час за Глазгов Ренџерс, придонесувајќи за победата од 3:0 на гости кај Килмарнок со два гола, кои му го донесоа признанието за играч на натпреварот од 16. коло во шкотскиот фудбалски Премиершип.

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во 33. минута, во 54. минута зголеми на 2:0, а вкупната индицидуална статистика му ја донесе највисоката оценка на мечот 8,1.

„Разговарав со тренерот, имав три натпревари по ред и се чувствувам сè подобро и подобро. Се надевам дека ќе можам да продолжам вака. Понекогаш постигнуваш голови, понекогаш не, но треба да продолжиш да работиш напорно. Не сум заборавил како да постигнувам голови. Знаев дека ќе дојдат“, изјави Миовски по средбата на „Рагби Парк“.

Со овие два гола 26-годишниот штипјанец стигна до вкупно четири за „полицајците“ сезонава, од кои три во првенствените настапи и еден во Лига купот на Шкотска.

 

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top