Спорт

Миовски го прослави првиот трофеј со Жирона (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач реализира удар од белата точка во пенал-рулетот против Еспањол во Купот на Каталонија

Бојан Миовски го освои својот прв трофеј како фудбалер на Жирона, Купот на Каталонија, откако тимот на македонскиот напаѓач славеше со 5:4 на пенали против Еспањол во Сабадељ во натпреварот што во основниот дел заврши без голови.

Репрезентативецот на Македонија, кој влезе во игра на стартот од второто полувреме на местото на Стуани, придонесе за пехарот со успешната реализација на вториот удар од белата точка во пенал-серијата (на видеото најдолу).

Миовски во својата прва сезона во Жирона не ја доби шансата што максимално ја искористи во претходните две во Абердин, па до крајот на преодниот рок е неизвесно дали и во новата сезона ќе ги брани боите на тимот што во минатата настапи во Лигата на шампионите.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top