Бојан Миовски денеска го постигна својот јубилеен десетти гол сезонава во дресот на Глазгов Ренџерс, погодувајќи во убедливиот триумф од 8:0 над второлигашот Квинс Парк во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Шкотска.
Напаѓачот на „полицајците“ и на репрезентацијата на Македонија со глава зголеми на 7:0 за домаќинот во 80. минута од мечот на стадионот „Иброкс“.
За 26-годишниот штипјанец ова е втор погодок во четири дена по тој во победата од 5:1 над Килмарнок во шкотскиот Премиершип, вкупно четврти во Купот по хет-трикот во триумфот од 5:0 над Анан во претходната рунда во средината на јануари.
Миовски влегува во гол-форма, што е добра вест за новиот македонски селектор Гоце Седлоски пред полуфиналето од мундијалскиот бараж со Данска на 26 март во Копенхаген.
Glad Miovski Got His Goal⚽️👏🏻
Another Scott Fry Masterclass 🔥 pic.twitter.com/b8hb6X7kVS
— Tommy McAllister (@72Mcallister) February 8, 2026