Спорт

Митровски во Олимпија со рекорден трансфер за клубот од Љубљана (ВИДЕО)

Димитар Митровски во наредните три години ќе го носи дресот со број 8 на Олимпија од Љубљана, која ќе му исплати на Вараждин 1,2 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, рекордна отштета за осумкратниот словенечки шампион. „Од Вараждин во Љубљана. Димитар е змеј. Добредојде во престолнината“, објавија „змајчеки“ на социјалните мрежи. Играчот за врска со […]

Димитар Митровски во наредните три години ќе го носи дресот со број 8 на Олимпија од Љубљана, која ќе му исплати на Вараждин 1,2 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, рекордна отштета за осумкратниот словенечки шампион.

„Од Вараждин во Љубљана. Димитар е змеј. Добредојде во престолнината“, објавија „змајчеки“ на социјалните мрежи.

Играчот за врска со осум настапи за Македонија во неодамна завршената сезона го потврди својот квалитет со 8 гола и една асистенција за вараждинци во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), кои му донесоа место во идеалниот состав на првенството.

Под водство на новиот тренер Жорге Симао, 26-годишниот Митровски наскоро ќе заигра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top