Спорт

Нескршливиот Ѓоковиќ го совлада Синер за финале на Австралија опен

Во финалето број 11 во Мелбурн во недела Ѓоковиќ ќе игра против првиот светски рекет Карлос Алкараз

Во меч со пет сета десеткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ го победи двократниот и актуелен шампион на овој Гренд слем турнир, Италијанецот Јаник Синер.

Резултатот беше 3:2 во сетови (3:6; 6:3; 4:6; 6:4 и 6:4)

Синер во два наврати водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но Ѓоковиќ успеваше да изедначи. Во решавачкиот сет во првите три гема на свој сервис Ѓоковиќ успеа да спаси и осум брејк топки, а ја реализираше и третата меч топка. Со оваа победа тој воедно ја прекина серијата од 5 порази во меѓусебните дуели со Синер.

Во финалето број 11 во Мелбурн во недела Ѓоковиќ ќе игра против првиот светски рекет Карлос Алкараз, кој во најдолгото полуфинале со 3:2 во сетови го победи Александер Зверев.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top