Ракометарите на Охрид покажаа и во Струмица дека неодамнешната суперлигашка победа во Битола не била случајна со нов, овојпат убедлив триумф на шампионот Еурофарм Пелистер од 26:19 во полуфиналето на Купот на Македонија, кадешто в недела од 20 часот ќе играат за пехарот со бранителот Вардар, кој славеше исто така уверливо над Алкалоид со .
Пријатното изненадување во македонскиот ракомет и третпат во низа сезонава им зеде мерка на пелистерци, дозволувајќи им само седум гола во првото полувреме, кое го добија со 13:7, за во средината на второто да стигнат и до двоцифрена предност од 20:10!
Најзаслужни за одмаздата за елиминацијата во полуфиналето на Купот минатата сезона беа Јагуриноски и Ѓукиќ со по 5 гола и голманот Пилиповиќ со 9 одбрани, а најефикасен на мечот беше капитенот на битолчани Кузмановски со 9.
Другото полуфинале го обележа израмнета борба во првото полувреме и резултатско одлепување на „црвено-црните“ во првата половина од второто, кога и ја создадоа решавачката предност, но црвените картони на вардарците Митровиќ и Лазаревски.
Малус од Вардар со 9 гола од 13 удари беше прво име на средбата, пред Тузолана со 6/6 и Воркапиќ со 5 погодока, а на голот Валах запиша 11 успешни интервенции.
На спротивната страна најефикасни беа Митев и Борзаш со по 6 гола, а Галевски одбрани 5 удари.