Спорт

Пет години од историскиот пласман на Македонија на Европско првенство во фудбал (ВИДЕО)

Македонските фудбалери на денешен ден ја совладаа Грузија со 1:0 во Тбилиси и го освоија сегментот Ц во Лигата на нациите

На 12 ноември 2020 година македонскиот фудбал го забележа својот најголем успех со триумфот на репрезентацијата против Грузија од 1:0 во Тбилиси во финалето од разигрувањето во Лигата на нациите, кој на Македонија ѝ донесе историски пласман на Европско првенство.

Победата за историја на стадионот „Борис Паихаѕе“ ја донесе најдобриот стрелец на македонскиот национален тим и тогашен капитен Горан Пандев, кој во 56. минута ја круниса филигранската акција во која учествуваа Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Составот на Игор Ангеловски тогаш ја освои дивизијата Ц од Лигата на нациите и се избори за ЕП следната година, на кое ги загубите натпреварите во Букурешт со Австрија (1:3) и со Украина (1:2), како и со соорганизаторот Холандија (0:3) во Амстердам, но со прикажаните игри остави поволен впечаток.

Радоста за македонската фудбалска вечност:

Најнови вести од: Спорт

Невозможното стана возможно: „Македонските џинови“ ги освоија Алпите

Македонските ултрамаратонци Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски остварија неверојатен подвиг, истрчувајќи 330 километри низ величествените Алпи на легендарната трка „Трка на џиновите“ (Tor des Géants).

Најнови вести

To top