Спорт

По 15 години, Македонија повторно во Втората светска група од Дејвис купот

Петнаесет години откога последен пат играше во Втората светска група на Дејвис купот, тениската репрезентација на Македонија в година повторно ќе биде дел од овој ранг благодарејќи на освоеното трето место во конкуренција на шест селекции на турнирот од Третата европска група во Скопје. „Црвено-жолтите“ во последното коло загубија со 2:1 од Летонија, која заврши […]

Петнаесет години откога последен пат играше во Втората светска група на Дејвис купот, тениската репрезентација на Македонија в година повторно ќе биде дел од овој ранг благодарејќи на освоеното трето место во конкуренција на шест селекции на турнирот од Третата европска група во Скопје.

„Црвено-жолтите“ во последното коло загубија со 2:1 од Летонија, која заврши прва со максимални пет победи, а победникот го реши играта во двојки, во која Калин Ивановски и Стефан Мицов загубија со 6-4, 6-4 од Карлис Озолинш и Роберт Штромбахс.

Летонците поведоа во мечот со победата на Рихардс Неиманис против Кристијан Јанев од 6-3, 6-3, а израмни првиот македонски рекет Ивановски (970. на АТП-листата во сингл) со триумфот од 6-3, 6-4 над Артурс Жагарс.

Бронзениот медал на избраниците на селекторот Горан Шевченко им го донесоа победите над Малта и Ерменија со по 3:0 и против директниот ривал за промоција во повисок ранг Молдавија од 2:1.

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top