
Фудбалскиот клуб Престон лајонс, најпопуларен меѓу македонската заедница во Австралија, најави турнеја низ Македонија, кадешто ќе одигра три пријателски средби – со Вардар, со Пелистер и уште една во Охрид во рамките на подготовките за првото издание на Австралискиот шампионат.
„Почестени сме да објавиме дека нашиот сениорски машки тим ќе го претставува нашиот клуб и заедницата во Македонија. Тимот ќе замине в понеделник на 15 септември, а патувањето ќе служи како тренинг-камп пред Австралиското првенство.
Клубот и играчите, исто така, ќе волонтираат и ќе учествуваат во некои хуманитарни добротворни иницијативи за време на турнејата. Вклучувајќи и распределба на средства од Апелот за Кочани.
Ова патување е овозможено благодарение на неверојатните напори на министерот за надворешни работи на Македонија, почитуваниот Тимчо Муцунски, и Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Масар Омерагиќ. Тимот ќе биде гостин на ФФМ додека патуваме и играме во Охрид, Скопје и Битолa.
Патувањето е целосно финансирано од ФФМ, нашите спонзори, некои љубезни поединци, придонес од играчи, како и дарежливоста на нашиот авио партнер ‘Туркиш ерлајнс’.
Со нетрпение очекуваме да играме и да градиме односи со;
23/9 – Вардар во Скопје 15:30 часот
25/9 – Пелистер во Битола 15:30 часот
Ова е чест за нашиот клуб, играчите и службените лица да ја претставуваат нашата заедница, нашиот клуб и нашите навивачи“, соопшти клубот порано познат како Престон Македонија, кој наскоро ќе игра во новоформираната единствена второлигашка конкуренција – Австралиски шампионат.