Спорт

Прва победа за македонските кадетки на ЕП во ракомет, падна Турција

Избраничките на селекторот Новеска славеа со 30:27 во разигрувањето за пласман во втората половина на првенството

По ремито 29:29 со Португалија, женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години ја забележа својата прва победа на Европското првенство во Црна Гора, совладувајќи ја Турција со 30:27 во разигрувањето за пласман под 13. место.

Избраничките на селекторот Даниела Новеска го загубија првото полувреме со 14:13, а во завршницата влегоа со негатива од 20:22, но до крајот на мечот во Подгорица покажаа поголема желба за првенец на шампионатот.

Голманката Марија Дуновска со 15 одбрани и 38 проценти успешни интервенции беше прво име во победничкиот тим, за кој Таида Беровиќ постигна 8 гола од 11 удари, а Ања Лашкоска имаше ефект 7/10.

Македонија и Португалија имаат по 3 бода во групата Ј, еден повеќе од Шведска, а Турција е без бодови.

Во последното коло од оваа фаза „црвено-жолтите“ утре од 12 часот за противнички ќе ги имаат Швеѓанките.

 

Најнови вести од: Спорт

Лазаров: Треба да бидеме задоволни од извлекувањето

Македонската машка ракометна репрезентација во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство 2027 во Германија и Хрватска ќе игра против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, чии натпревари се закажани за март 2026 година.

Јувентус импресиониран од македонската тинејџерка: Меланија Грозданова на радарот на европскиот гигант

Меланија Грозданова, една од најголемите надежди на македонскиот женски фудбал, во моментов престојува во Торино, каде што тренира со првиот тим на Јувентус – еден од најсилните и најпрестижни клубови во европскиот женски фудбал.

To top