Спорт

Романски судии ќе ни судат против Лихтенштајн

По пријателскиот натпревар во Прага против Саудиска Арабија, Македонската Фудбалска Репрезентација веќе се подготвува за неделниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Лихтенштајн.

facebook.com/uefa

По пријателскиот натпревар во Прага против Саудиска Арабија, Македонската Фудбалска Репрезентација веќе се подготвува за неделниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Лихтенштајн. Селекторот Благоја Милевски изјави дека против Лихтенштајн сите ќе бидат максимално мотивирани и дека натпреварот е од големо значење.

Против Лихтенштајн, романскиот судија Хоратиу Фешник ќе ја дели правдата.

Негови помошни судии ќе бидат Валентин Аврам и Александру Кереи, а и четвртиот судија доаѓа од Романија, Мариан Барбу.

Во ВАР собата ќе работи искусниот романски арбитар Хатеган.

Со победа избраниците на Благоја Милевски ќе се вратат на врвот на табелата во пресрет на последните три кола во групата.

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top