Спорт

„Семакедонскиот“ дуел Вардар – Престон лајонс за гостите од Австралија

Некогашна Престон Македонија славеше со 4:2, а задутре ќе одигра пријателски меч и со Пелистер во Битола

Фудбалерите на Престон лајонс од Мелбурн се покажаа „лоши“ гости, нанесувајќи му убедлив пораз на Вардар од 4:2 во пријателскиот натпревар меѓу двата најтрофејни и најпопуларни клуба на Македонците во Македонија и во Австралија одигран во тренинг-центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, во Скопје.

Двоен стрелец за освојувачот на Купот на Македонија беше Едиз Спахиу, а за членот на новоформираната единствена втора лига на Австралија наречена Австралиски шампионат два гола постигна Конор Бел, а по еднаш погодија Џан Албано и Џорџо Серденес.

Пред почетокот на средбата од раководството на Вардар преку гостите од Австралија му испратија плакета на Андон Дончевски, кој пред неколку недели беше прогласен за почесен претседател на скопските „црвено-црни“.

Некогашната Престон Македонија во рамките на турнејата низ Македонија на 25 септември ќе му гостуваат и на Пелистер во Битола.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top