Спорт

Сензационален меч на Лина Ѓорческа: Победа против поранешната тенисерка број ЕДЕН!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со импресивна победа го започна ВТА турнирот W125 Самсун Опен во Турција

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со импресивна победа го започна ВТА турнирот W125 Самсун Опен во Турција, совладувајќи ја чешката ѕвезда Каролина Плишкова со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) за само 75 минути.

Плишкова, поранешна светска #1 (осум недели на врвот на ВТА листата) и финалистка на Вимблдон и УС Опен, не успеа да се наметне пред силната игра на Ѓорческа.

Лина Ѓорческа, влегува во силна серија на ИТФ турнирите, каде што одигра 57 меча со 38 победи и освои две титули (во Куршумлија и Слобозија). Таа има искуство на тврди терени од 2019 година, кога триумфираше на ИТФ настан во Турција, а во последниот турнир стигна до четвртфиналето. Оваа победа во Самсун не само што ја зголемува нејзината видливост, туку и ја потврдува нејзината способност да се натпреварува со топ-играчи, по претходните успеси против имиња како Анастасија Потапова и Елена-Габриела Руле.

Во втората рунда, македонската тенисерка ќе се соочи со Белгијката Софија Костулас, која денеска ја победи Полјаката Вероника Фалковска со 2-0 во сетови.

Најнови вести од: Спорт

Невозможното стана возможно: „Македонските џинови“ ги освоија Алпите

Македонските ултрамаратонци Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски остварија неверојатен подвиг, истрчувајќи 330 километри низ величествените Алпи на легендарната трка „Трка на џиновите“ (Tor des Géants).

To top