Спорт

Шкендија и Вардар убедливи на стартот од Првата македонска фудбалска лига

Шампионот Шкендија го декласира Шкупи со 5:1, а освојувачот на Купот, Вардар, беше подобар од Пелистер со 4:1

Шкендија го декласира Шкупи со 5:1, а Вардар славеше со 4:1 против Пелистер во тоа што требаше да бидат дерби натпревари на отворањето на 34. сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Бесарт Ибраими постигна два гола за шампионот, Флорент Рамадани, Арбин Зејнулаи и Лиридон Љатифи по еден, а сè што успеа да стори Шкупи е да израмни на 1:1 преку Малик Хајвали во 14. минута.

Освојувачот на Купот, пак, ги декласира битолчани со двата погодока на Димитар Данев, по еднаш погодија Роџерс Мато и Диего Кастанеда, а Лука Булатовиќ во 65. минута намали на 2:1.

Утре од 17:30 часот ќе се одиграат мечевите Башкими – Арсими и Струга – Македонија Ѓорче Петров, а во истиот термин в недела ќе ги одмерат силите Тиквеш и Работнички и в понеделник Силекс и Брера.

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top