Со вкупни 0:5, вклучувајќи го и вечерашниот пораз од 0:4 во реваншот со Самсунспор во Турција, фудбалерите на Шкендија го завршија своето европско патешествие со елиминација во 1/16-финалето на Конференциската лига на УЕФА.
Македонскиот првак одржуваше активен резултат без голови до 53. минута, кога Нчам од пенал го „отклучи“ противничкиот гол, фаворитската улога на турскиот претставник потоа ја потврдија и Ндиаје во 71. минута, и двојниот стрелец Мариус во 79. минута и во втората минута од судиското продолжение.
Со ова заврши најуспешниот настап на тетовските „црвено-црни“ во еврокуповите, настапувајќи во сите три, при што во квалификациите за Лигата на шампионите стигна до третото коло, по што се пресели во Лига Европа и по еден двомеч од таму стигна до Конференциската лига, во која ја помина групната фаза и избори елиминации.
Притоа одигра вкупно 16 натпревари, во кои оствари 5 победи, 3 нерешени и 8 порази.