Словачка ја победи Украина со 27:24 како гостин во првиот натпревар од разигрувањето за пласман на 30. Светско првенство 2027 во Германија, правејќи исчекор кон финален бараж-двомеч со Македонија.
Дека се дојдени по победа во германски Бенсхајм, Словаците покажаа уште во првото полувреме, кое го добија со 16:11.
Крилото Јурај Бријатка со 7 гола од 11 обиди беше најефикасен во победничката екипа, а Игор Турченко со 11/20 во поразениот тим и на средбата.
Реваншот е в недела од 13 часот во Поважска Бистрица, по кој севкупниот победник ќе им излезе на мегдан на избраниците на Кирил Лазаров на 13/14 и 16/17 мај.