Спорт

Со должна почит, но Македонија не е Франција или Германија, вели Хејлунд

Соиграчот на Елмас во Наполи не го резервирал летниот одмор бидејќи планирал да игра на Светското фудбалско првенство

Соиграчот на Елиф Елмас во Наполи, Расмус Хејлунд, со голем оптимизам го очекува баражот в четврток со Македонија во Копенхаген, уверен дека имаат реални шанси за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

„Имаме реална шанса. Со сета должна почит кон Македонија и Чешка или Ирска, тие не се Франција или Германија. Убеден сум дека постои реална можност за пласман и треба да ја искористиме“, изјави за данската ТВ2 стрелецот на 14 гола, на кои додаде и 4 асистенции за Наполи во сите конкуренции сезонава.

Хејлунд уште додаде дека не го резервирал летниот одмор бидејќи планирал да игра на мундијалот.

Најнови вести од: Спорт

To top