Спорт

Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ!

По речиси 20 години во јавниот сервис си замина авторот на историскиот коментар по пласманот на Македонија на ЕП во фудбал

Тони Стојановски, (нај)познат по историскиот коментар по победата на фудбалската репрезентација на Македонија над Грузија во Тбилиси и избореното деби на европските првенства, објави на Фејсбук дека повеќе не е дел од Македонската радиотелевизија.

Денеска го одработев последниот пренос за МРТ. По повеќе од 13 години во телевизијата, а вкупно речиси 20 во јавниот сервис сметајќи го и времето во Македонското радио, дојде време за разделба.

Заминувам со многу спомени и со мноштво професионални задоволства. За знаењето ќе ценат други.
Ваквите одлуки не се лесни, но со оглед на околностите, по 28 години со новинарско-коментаторска кариера, ова е најдобро!
Новата страница е сè уште празна, мое (наше) е да ја испишеме брзо и на убав начин.
Да сме живи и здрави!
Да живее Македонија!“, порача врвниот професионалец во спортското новинарство и македонски патриот.
Пред МРТ, Стојановски работеше и во А1 телевизија.

Најнови вести од: Спорт

To top