Спорт

Сто илјади евра премија за вардарци ако ја поминат Лозана

Клубот одреди двојно поголема награда од таа за елиминацијата на Ла Фиорита

Фудбалерите на Вардар ќе поделат сто илјади евра како награда од клубот ако ја елиминираат Лозана во второто квалификациско коло од Kонференциската лига на УЕФА, двојно повеќе од заедничката премија за успешно прескокнатата пречка Ла Фиорита од Сан Марино на стартот.

Првиот натпревар е закажан за в четврток од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а реваншот е седум дена подоцна во истиот термин на „Стад де ла Туилие“ кај петтопласираниот тим минатата сезона во Швајцарија.

Цената на билетите за првиот меч е 100 и 300 денари.

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top