Спорт

Трпеливоста е клучот против Македонија, смета Белами

Селекторот на Велс пред дуелот во Кардиф од мундијалските квалификации предупредува за македонските одбрана и контранапади

Селекторот на Велс, Крег Белами, ги советува неговите избраници да бидат претпазливи против Македонија во директниот дуел за второто место во квалификациската група Ј што носи домашен терен во полуфиналето од баражот за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

„Знаеме дека треба да победиме, но мораме да бидеме и трпеливи. Тоа е клучот, бидејќи Северна Македонија се брани длабоко. Тие се среќни ако немаат посед на топката, но имаат способност за контранапад, па затоа мора да бидеме свесни за тоа“, изјави тој за утрешниот натпревар од 20:45 часот во Кардиф.

Во отсуство на повредениот Бен Дејвис и на „пожолтениот“ Итан Ампаду, капитенската лента во реваншот со Македонија ќе ја носи повратникот Хари Вилсон, играч за врска на англискиот премиерлигаш Фулам.

Со оглед на подобрата гол-разлика на „црвено-жолтите“, Велшаните мора да победат за да ги симнат избраниците на селекторот Благоја Милевски од второто место на табелата.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top