Спорт

УЕФА му го одзеде ремек-делото на Елмас (ВИДЕО)

Европската куќа на фудбалот не му ја брои мајсторијата на македонскиот „дијамант“ со Лихтенштајн како 14. гол за Македонија

Елиф Елмас во 15. минута од натпреварот со Лихтенштајн од квалификациите за Светското првенство 2026 го оправда епитетот „дијамант“ со феноменалниот погодок за водство на Македонија, но УЕФА му го одзеде и го прогласи за автогол на голманот Бенјамин Бухел.

Повратникот во Наполи со соло-акција направи слалом низ противничката одбрана, нанижувајќи шестмина играчи заедно со Бухел, биеше преку него, топката притоа ја допре левата нога на голманот, но не го смени правецот и заврши во мрежата.

И тоа за УЕФА беше доволно мајсторијата на Елмас да не му биде броена за 14. погодок во националниот дрес…

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top