Ракометарите на Вардар беа на добар пат, но немаа сили да го надоместат двоцифрениот пораз од првиот натпревар со Монпелје, победувајќи само со 27:24 во реваншот пред своите навивачи во четвртфиналето од Европската лига на ЕХФ.
Двократниот европски шампион на полувреме имаше предност од 17:12, во 41. минута стигна и до 22:15, но потоа почна да влегува од грешка во грешка, гостите од Франција ја затегнаа одбраната и чудото изостана.
На „црвено-црните“ не им помогнаа ни двата одбранети седмерца од Васил Гогов, ни 18. успешни интервенции на Милош Валах, па на завршниот турнир во Хамбург оди Монпелје, најмногу по заслуга на францускиот репрезентативец на голот Реми Дебоне и неговите 15 одбрани.
Како и на првата средба пред една седмица, вардарци во почетокот на вториот дел останаа без играч по директниот црвен картон за Урош Митровиќ, од чиј удар потече крв како река од носот на Валентан Порт.
Прв стрелец во составот на Иван Чупиќ беше отустниот поради повреда во првата средба Јака Малус со 6 гола од 11 обиди, пред Вукашин Воркапиќ со 4/5, Дмитро Хориха со 4/8 и Жоао Педро со 4/7.
На Моппелје на фајналфорот друштво ќе му прават германските бундеслигаши Флензбург, Кил и Мелсунген.