Кикс на Шкендија, Вардар сигурен против Македонија ЃП е епилогот по двата денешни натпревара од 25.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во Тетово, Шкедија претрпе пораз од Пелистер. Гостите од Битола иако беа апсолутни аутсајдери на овој меч, н акрајот се радуваа на трите бода кои може да се покажат како многу значајни во борбата за опстанок.
Головите за гостите од Битола ги постигнаа Спировски во 37. и керим во 90+2.минута. За Шкендија погоди Ибраими во 43.минута.
На вториот денешен натпревар од македонскто првенство, Вардар заблежа победа над Македонија ЃП со 5:1. Стрелци на головите за домаќините беа: Велковски, Кастенада, Торес (два) и Николов. За Македонија ЃП погоди Галевски.
Во пресрет на комплетирање на колото, Вардар е лидер на табелата со 61 бод, три повеќе од Шкендија . Струга е трета со 53 бода и натпревар помалку.