Спорт

Вардар против фински Купс во квалификациите за Лигата на шампионите

Шкендија со Европа од Гибралтар во квалификациите за Конференциската лига, Силекс со Динамо Минск

Вардар го доби Купс од Финска за противник во првото квалификациско коло за фудбалската Лига на шампионите, во кое македонскиот првак ќе биде домаќин на првиот натпревар на 7/8 јули, а реваншот ќе се одигра на 14/15 јули во Куопио.

Победникот од двомечот оди во второто коло од квалификациите за ЛШ, а поразениот во третото од квалификациите за Конференциската лига.

Купс беше втор носител во ждрепката со коефициент 14.000, благодарејќи на подвигот во минатата сезона, кога се пласира во групната фаза на Конференциската лига, а потоа стана прв фински клуб кој успеал да ја помине и да обезбеди пласман во елиминациите.

Шампионот на Финска, основан во 1923 година, има стадион со капацитет 5.000 места и во моментов е во полна натпреварувачка форма, со оглед на тоа дека финското првенство се игра од пролет до есен.

Слично како Вардар во извлекувањето на противниците помина Силекс, кој го доби Динамо Минск на стартот од квалификациите за Конференциската лига, во која Шкендија е голем фаворит против Европа од Гибралтар. И кратовци, и тетовци ќе гостуваат во првите дуели.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top