
Фудбалерите на Вардар ќе патуваат со предност на реваншот во Швајцарија по седум дена, откако ја совладаа Лозана со 2:1 во првиот натпревар од второто квалифиакциско коло за Конференциската лига на УЕФА.
Роџерс Мато му донесе водство на освојувачот на Купот на Македонија во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје..
Израмни со еврогол од дваесетина метри Малиецот Гауса Диаките во 59. минута, а победа на „црвено-црните“ во 78. минута им донесе Азер Омерагиќ, кој ја носеше капитенската лента во отсуство на Горан Закариќ.
Гостите имаа поголем посед на топката (58:42 проценти), но тимот на Гоце Седлоски упати повеќе удари кон голот (11:7), а од три (полу)контранапади во финишот можеше да слави и поубедлив триумф над противникот со осум пати поголем буџет
Возвратниот дуел е следниот четврток од 20:30 часот во Лозана.