Спорт

Вардар води против Лозана на полувремето

Мато стрелец за освојувачот на Купот на Македонија против гостите од Швајцарија

Роџерс Мато му донесе предност на Вардар против Лозана по првото полувреме од првиот дуел од второто квалификациско коло за Конференциската лига.

Напаѓачот од Уганда ја спроведе во голот одбиената топка од гостинскиот голман Карло Летица во втората минута од судиското продолжение на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова е трет погодок за репрезентативецот на африканската селекција сезонава во ова натпреварување по двата против Ла Фиорита од Сан Марино на стартот.

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top