Свет

Адолф Хитлер од Намибија си го смени презимето

Намибија беше германска колонија неколку децении пред Хитлер да дојде на власт, а името му го дал татко му

Намибискиот политичар со име Адолф Хитлер го смени името отфрлајќи го презимето „Хитлер“ од своите официјални документи, објавија локалните медиуми.

„Моето име не е Адолф Хитлер, јас сум Адолф Унона. Видов луѓе како ме викаат Адолф Хитлер и претходно и се обидуваат да ме поврзат со некој што дури и не го познавам“, изјави тој.

Унона, локален политичар во Омпунџа во регионот Ошани на север, веќе привлече меѓународно внимание поради своето име.

Тој рече дека јасно се дистанцирал од нацистичката идеологија и дека неговиот татко го избрал името без да го разбере неговото историско значење.

Намибија беше германска колонија неколку децении на почетокот на 20 век, пред Адолф Хитлер да дојде на власт во Берлин.

Унона повторно се кандидираше на изборите во Ошана во среда и го задржа своето место во својата мала северна изборна единица, и покрај контроверзното име.

Тој победи на претходните избори со значително мнозинство.

Уунона, член на владејачката партија СВАПО, е познат по својата работа во заедницата, неговата пристапност и неговите иницијативи за развој на инфраструктурата.

Гласачите во регионот рекоа дека неговото име не е важно и дека го оценуваат според неговите заслуги.

Најнови вести од: Свет

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

„Политико“: Пука обединетиот европски фронт против Трамп – се разоткриваат старите линии на внатрешниот расцеп во ЕУ

„Лидерите на ЕУ се подготвуваат за големи борби околу прашања, кои се движат од заеднички одбранбени проекти до економски реформи, но обидот за олабавување на зависноста на Европа од Америка на Доналд Трамп открива длабоки поделби меѓу 27-те земји на блокот. Обновената желба да се намали зависноста од Вашингтон ги исфрла на површина познатите несогласувања пред самитот на лидерите на ЕУ во четврток.“ – објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во анализата со наслов „Настојувањето на Европа да оди сама ги разоткрива старите линии на нејзиниот внатрешен расцеп и на грешките“.

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Десет лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, вчера, на 10 февруари, во оружен напад во средно училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада. Во училиштето има 160 ученици од 7 до 12 одделение на возраст од 12-18 години. ‘Полицијата спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.’.  објавија властите. Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Хрватска: Калуѓерката лажела дека била напднта со нож од мигрант

Обвинителството бара казна од 10 месеци затвор за калуѓерката Т.З. (35), условна казна од три години, откако е обвинета за лажно пријавување кривично дело, бидејќи поднела кривична пријава против непознат напаѓач иако самата нанела повреди со нож

Урсула фон дер Лајен пред ЕП: Спремна сум да напредувам дури и без согласност на сите 27 членки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур ја истакна потребата од итно поедноставување и интеграција на пазарот на капитал во Европската Унија, со цел да се намали фрагментацијата и да се зајакне конкурентноста на европските компании во глобалниот контекст.

Најмалку девет убиени и 25 ранети во масовно пукање во училиште во Канада

Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов по „самонанесена повреда“, соопшти полицијата. Според неофицијални податоци се работи за жена со кафеава коса облечена во фустан

Осомничениот беше опишан како жена со кафеава коса облечена во фустан

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД, кој се стреми кон распад на ЕУ!

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија. Макрон оцени дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и оти се стреми кон „распаѓање“ на ЕУ.

Најнови вести

To top