Бизнис

Македонските возачи може да очекуваат поевтини горива: Нафтата „падна“ под 90 долари

Ова е првпат од 9 април нафтата да се тргува под психолошката граница од 90 долари.

Светските енергетски пазари денеска доживеаја вистински потрес. Цената на референтната сурова нафта „Брент“ за само неколку часа се урна за речиси 12 отсто и падна под 90 долари за барел, достигнувајќи ниво од околу 87,47 долари.

Главната причина за овој драматичен пад е соопштението од Техеран дека Ормускиот теснец е целосно отворен за комерцијален транспорт, како дел од договореното примирје во конфликтот на Блискиот Исток. Оваа стратешка поморска рута, низ која поминува речиси една петтина од светското снабдување со нафта, со денови беше под закана или блокада, што ја држеше цената вештачки висока.

Веднаш по објавата на Иран, инвеститорите реагираа со масовна продажба на фјучерси, што доведе до брз пад на цената од 99,39 на околу 87,47 долари за барел. Ова е првпат од 9 април нафтата да се тргува под психолошката граница од 90 долари.

Што значи ова за македонските возачи?

Овој значителен пад на светските цени на нафтата претставува добра вест за домашната економија и за граѓаните. Доколку трендот се задржи до понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ја направи следната пресметка, се очекува значително поевтинување на бензинот и дизелот на домашните пумпи.

Експертите предвидуваат дека ако „Брент“ остане под 90 долари, цените на горивата во Македонија би можеле да се намалат за неколку денари по литар во наредните денови.

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

Најнови вести

To top