Свет

Амбасадорот на САД во ЕУ Пуздер: Сакаме соработка со Европа, промените во европското законодавство ќе бидат многу корисни

Сакаме соработка со Европа, им рече денеска на европратениците од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент постојаниот претставник на САД во институциите на ЕУ во Брисел, амбасадорот Ендру Пуздер.

Промените во европското законодавство би биле од голема корист, истакна Пуздер, и повика на олеснување на работењето на технолошките компании од неговата земја во Европа. Според него, економијата наскоро ќе биде водена од вештачка интелигенција, но за таа цел ќе бидат потребни многу енергија, центри за складирање податоци, самите податоци и ретки фосилни минерали.

Амбасадорот изрази надеж дека во наредните денови ќе биде потпишан договор меѓу САД и ЕУ за фосилни горива, како и дека Европа наскоро конечно ќе го потврди трговскиот договор со Вашингтон.

Најголем интерес на САД е ЕУ да напредува економски, рече Пуздер. Тој истакна дека ЕУ е стратешки и културно витална за Соединетите Американски Држави и столб на економскиот напредок на неговата земја. Силна Европа е посилен трговски партнер и поспособна да ни помогне низ целиот свет каде што се бориме против злите сили, рече тој.

Амбасадорот додаде дека откако пристигнал во Брисел пред неколку месеци, бил изненаден кога открил дека ЕУ има многу слична визија со Вашингтон за прашања како што се Кина и имиграцијата. Тој додаде дека Соединетите Американски Држави и ЕУ имаат желба да видат крај на војната во Украина.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top