Свет

Американските „патриоти“ на пат за Украина

Се испраќаат од Германија, потоа Германија ги надополнува залихите и во сите случаи,САД добиваат целосна исплата

Системите за противракетна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Киев Индепендент“.

„Тие веќе се испраќаат“, одговори Трамп на прашање за испораката на ракети „Патриот“ и друга опрема. „Тие се испраќаат од Германија, а потоа Германија ги надополнува залихите. И во сите случаи, Соединетите Американски Држави добиваат целосна исплата.“

Трамп објасни дека пратките се дел од нов договор во кој членките на НАТО и Европската Унија купуваат системи за оружје произведени во САД, испраќаат дел во Украина, а потоа ги разменуваат преку договор со Вашингтон.

„Секогаш ги добиваме нашите пари назад, во целост“, додаде Трамп. „Во некои случаи, земјите-членки на Европската Унија директно ни ги надоместуваат парите.“

Новите испораки на оружје доаѓаат само два дена откако Трамп издаде ултиматум до Москва, предупредувајќи дека САД ќе воведат „строги“ царини доколку Русија не се согласи на мировен договор во рок од 50 дена за завршување на војната во Украина.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top