Свет

Андреј Јермак навреден: „Заминувам на фронт“

Неколку часа откако поднесе оставка од функцијата по рацијата во неговиот дом од страна на Националното биро за борба против корупција

Андриј Јeрмак, шеф на кабинетот на украинскиот претседаел кој поднесе вчера оставка од функцијата по претресот на неговиот дом, јасно стави до знаење дека е навреден од она што се случува и дека оди на фронтот.

Вчера, Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САП) спроведоа претреси кај раководителот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак. Претреси беа извршени во неговата канцеларија и стан како дел од истрагата „Мидас“, која се однесува на вмешаноста на најблиските соработници на Володимир Зеленски во корупција во енергетскиот сектор.

Воени профитери: Вреќи полни со пари, златен тоалет, раскошни станови…

Во првата реакција по оставката Јермак изјави дека е навреден:

„Бев навреден и моето достоинство не беше заштитено, и покрај фактот дека сум во Киев од 24 февруари 2022 година. Затоа, не сакам да му создавам проблеми на Зеленски; одам на фронтот“, рече тој во интервју за Њујорк пост.

„Огорчен сум од нечистотијата што се фрла врз мене, а уште повеќе сум навреден од недостатокот на поддршка од оние кои ја знаат вистината“, додаде Јермак. „Подготвен сум за секаква казна“, рече и поранешниот шеф на претседателската администрација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржи консултации и интервјуа за да номинира нов шеф на својата канцеларија.

Зеленски брза да најде замена за Јермак, бидејќи тој беше главен преговарач со САД и требаше да биде во Мајами, Флорида, во текот на викендот за да се сретне со Виткоф и Кушнер.

Виткоф требаше да се консултира со Јермак пред да отпатува за Москва на разговори со Владимир Путин.

Ризикуваме да изгубиме сè – Зеленски до Украинците по падот на Јермак

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

To top