Свет

Антарктикот пред катастрофа

Зголемениот прилив на туристи и интензивирањето на научните истражувања сè повеќе го загадуваат Антарктикот, алармираат научниците, додавајќи нов притисок врз една од последните недопрени средини на планетата, веќе погодена од климатските промени предизвикани од човекот.

www.freepik.com

Зголемениот прилив на туристи и интензивирањето на научните истражувања сè повеќе го загадуваат Антарктикот, алармираат научниците, додавајќи нов притисок врз една од последните недопрени средини на планетата, веќе погодена од климатските промени предизвикани од човекот.

Во регионите на Антарктикот каде што има човечка активност, количеството на фини честички со тешки метали е десетпати повисоко отколку пред четири децении, покажува нова студија спроведена од меѓународен тим истражувачи.

Оваа промена е резултат на значителниот пораст на туристите на Антарктикот, чиј број пораснал од 20.000 на 120.000 годишно во изминатите 20 години, според податоците од Меѓународното здружение на туристички оператори за Антарктик.

„Засиленото присуство на луѓе на Антарктикот создава загриженост поради загадувањето од согорувањето на фосилни горива, вклучувајќи ги емисиите од бродови, авиони, возила и придружната инфраструктура“, се наведува во студијата.

Крузерите што ги превезуваат туристите користат фосилни горива со високо ниво на загадување, кои ослободуваат фини честички што содржат метали како никел, бакар, цинк и олово.

„Загадувачките честички во областите со туристичка активност го забрзуваат топењето на снегот на Антарктикот. Еден турист може да предизвика топење на околу 100 тони снег“, истакна Раул Кордеро, еден од коавторите на студијата.

Истражувачки тим од земји како Чиле и Германија поминал четири години патувајќи 2.000 километри низ Антарктикот за да ја измери контаминацијата. Тешките метали во воздухот се зголемиле и поради научните експедиции, при што истражувачите, кои остануваат подолго на континентот, можат да имаат и до десетпати поголемо влијание од туристите, според Кордеро.

Студијата признава дека се направени „значајни напори“ за заштита на Антарктикот, вклучувајќи ја забраната за користење на тешкиот мазут и воведувањето електрично-хибридни бродови во туристичката индустрија.

„Сепак, нашите наоди укажуваат дека е потребно уште многу работа за да се намали влијанието од човечките активности на Антарктикот, вклучително и побрза транзиција кон обновливи извори на енергија и намалување на зависноста од фосилни горива“, се додава во студијата.

Паралелно, друга студија објавена во списанието „Nature“ предупредува дека климатските промени може да предизвикаат неповратни промени на Антарктикот, што би можело да го подигне нивото на глобалните океани за неколку метри, со катастрофални последици за идните генерации.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top