Свет

Балкански дух во Виена: Ферарито слета на балкон (ВИДЕО)

Виена неодамна беше сведок на вистински урбан спектакл: црвено „летечко Ферари“ SF90 Stradale вредно 400.000 евра, со помош на огромен кран, беше подигнато на балконот од стан во новоизградената зграда во кварт Флоридсдорф.

Виена беше сведок на неверојатна сцена: црвено Ferrari SF90 Stradale вредно 400.000 евра леташе над покривите на новоизградената зграда во кварт Флоридсдорф, за на крајот да слета на балконот од стан на четвртиот кат. Сопственикот, 28-годишниот босански бизнисмен Амар Дезиќ, кој веќе неколку години работи и живее во австриската престолнина, не сакал да го остави својот нов болид на улица пред зимата.

„Имам неколку автомобили, но за жал не добив дополнително паркинг-место во подземната гаража“, изјави Дезиќ за австрискиот портал „Heute“. „Сакав Ферарито да биде на безбедно – заштитено од снег, мраз и евентуални вандали.“

Така, минатата недела ангажирал тешка механизација: првин болидот бил пренесен во внатрешниот двор, а потоа со моќен кран подигнат до раскошната тераса. Глетката ги остави соседите без текст.

За жал, радоста траеше кратко. Веднаш по „паркирањето“ реагираа управникот на зградата и градежната инспекција: терасите не се предвидени за возила од 1,5 тони. Во петокот околу пладне пристигна специјализирана служба (чие име предизвика вирална радост на Балканот – „Паук“) и со прецизни милиметарски маневри го спушти скапоцениот автомобил назад на земја. Целата операција траеше околу половина час и беше снимена од сите агли – совршена бесплатна реклама и за сопственикот и за фирмата.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top