Свет

Бараат 2.000 години казна затвор за екс-градоначалникот на Истанбул

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна Општина Истанбул го суспендираше од функцијата

Главното јавно обвинителство во Истанбул подготви обвинение против поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, обвинтет за основање и водење на организирана криминална група.

Во случајот има вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор.

Обвинителството бара казна од 828 до 2.352 години затвор за Имамоглу, објави весникот „Хуриет“.

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна Општина Истанбул го суспендираше од функцијата.

Голем број општински службеници беа приведени како дел од истрагата за корупција во Општина Истанбул. Апсењата предизвикаа бран протести опишани како најголеми во Турција од 2013 година.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top